ИФФК „БРАЌА МАНАКИ“

Оскаровецот Џон Сил пристигна во Македонија

Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ соопшти дека доцна синоќа во Македонија пристигна славниот австралиски кинематографер Џон Сил. Тој по долгото патување од Австралија, на скопскиот аеродром стигна заедно со својата сопруга Луиз.

Славниот австралиски кинематографер Џон Сил, заедно со сопруга Луиз, беа опуштени, добро расположени и, пред сѐ, љубопитни да ја запознаат земјата и фестивалот што ја слави креативната моќ на кинематограферите.

Џон Сил, по кусиот одмор во Скопје, ќе замине во Битола, каде на свеченото отворање на 10 септември, во Центарот за култура, ќе ја прими наградата за животно дело „Златна Камера 300“ и ќе се вброи во Клубот на великаните на филмската камера на фестивалот „Браќа Манаки“.

Кинематограферот Џон Сил (John Seale) снимил дел од најзначајните остварувања на светската филмска уметност, а во 1997 година освои Оскар за филмот „Англиски пациент“. Тој ги има снимено филмовите, како „Талентираниот господин Рипли“ (1998) и „Студен Планина“ (2002), потоа незаборавните „Друштвото на мртвите поети“ (1988) и „Сведок“ (1985). Во 2015 година беше номниран за Оскар за филмот „Мед Макс: Фјури роуд“.

На фестивалот во Битола, публиката ќе има ретка можност да проследи и разговор/мастер клас со големиот кинематографер Џон Сил, известија од ИФФК „Браќа Манаки“.

Во дипломатијата како гранка од јавно политичкиот живот професионалните кадри треба да бидат повеќе застапени од политичките.

повеќе

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе