Во однос на програмите, програмската ориентација, заложбите изразени низ нивните настапи, нивото на интелектуалното и конзистентно претставување и ориенатиција кон консензуално национално единство во формулирање и реализирање на надворешната политика, не можам а да не ја издвојам програмата и настапот на професорката Гордана Сиљановска Давкова.
Нејзините заложби за национален консензус и координиран настап на сите чинители во реализацијата на надворешната политика и нашето дипломатско претставување, како на мултилатерален и билатерален план, се од суштинско значење за реализација на Македонија како суверена, демократска, рамноправна, просперитетна правна држава, држава со дигнитет, ценет субјект во меѓународната заедница, држава која своите меѓународни односи ќе ги реализира врз основните принципи на меѓународното право, посебно општо прифатениот принцип на реципроцитет во односите меѓу меѓународните актери.
Нејзините заложби за Македонија како кредибилна членка на НАТО, конкретните чекори кои има намера да ги преземе како претседателка, доколку биде избрана, на сите граѓани, без разлика на нивната етничка припадност, политичката ориентација и социјален статус, кон европската интеграција е ориентација е во вистинска насока во реализација на стратешките интереси на Македонија и нејзините граѓани.
Во однос на нејзината иницијатива „Дипломатијата огледало на Македонија” , не можам а да не изразам целосна поддршка на нејзините заложби за професионализација и департизација на дипломатијата како клучен фактор во реализацијата на надворешната политика на државата и сервис на граѓаните.
Како професионален дипломат ја поздравувам нејзината заложба за лобирање за непостојана членка на Македонија на Советот за безбедност на ОН, проектот за вклучување на македонски дипломати и експерти во регионални европски и други мултилатерални организации и формирање Конзуларен кризен центар во МНР.
Посебно се значајни нејзините заложби за почитување на стручноста и компетентноста во изборот на амбасадори и дипломати од друг ранг, вработување во МНР на најдобрите студенти и напредување во согласност со најстрогите европски дипломатски критериуми и стандарди.
Импресивна е нејзината заложба за афирмација на жена државник која ќе се залага за достојно претставување на Македонија внатре и во меѓународните односи со цел сите ние да се осеќаме како достоинствени граѓани на Македонија и рамноправен дел од меѓународната заедница.
Амбасадор Слободан Ташовски
(Дипломат кој непосредно учествувал во зачленувањето на Македонија во ООН)
Фото на амбасадорот: Courtesy UN photo