Онлајн премиера на проектот Театарот во креативни индустрии – дисперзирана драматика во Скопје

Вечерва ќе се одржи онлајн премиера на проектот Театарот во креативните индустрии – дисперзирана драматика во Скопје. На овој културен настан ќе бидат промовирани шест кратки фрагменти за видео театар, проследени со шест видео драмски пичинг создадени според драмските текстови на Миа Николоска (инКВИЗиција), Миа Ефремова (Полубогови), Сашо Димоски (Змејот и неговиот бес), Лидија Митоска-Ѓорѓиеска (Саатот), Иванка Апостолова Баскар (Горчината на Петра – Интервју со Петра фон Кант); во режија на Теа Беговска, Леон Ристов – актер, видео камера и монтажа на Михаило Апостолов, фотографија на Весна А. Бришкоска.

Од Македонскиот центар на ИТИ/ПРОДУКЦИЈА информираат дека идејата за проектот, сценариото за снимање, визуелната драматургија (избор на локациите) се на продуцентот Апостолова Баскар.

„Проектот е изведен на англиски јазик за поширока меѓународна видливост, проектот е фокусиран на поинаков начин на промовирање и можност за поставка на современите драмски автори од помладата генерација како и опусот на веќе етаблираните авторите кои создаваат во нашата земја“, велат организаторите.

Оттаму посочуваат дека проектот афирмира инспиративни периферни и не многу популарни и познати локации низ градот Скопје, со големи наративни, естетски и контра-естетски капацитети: Музеј Лазар Личеноски (1967), графити во центарот на Скопје, парк Писта и отвореното игралиште во Ново Лисиче, Азурната фонтана во Острово-Аеродром, згради од 1949 во населбата Мичурин.

Овој културен настан се одржува под покровителство на Министерството за култура и на град Скопје. 

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе