Kинотека на Македонија

Омаж на Рајко Грлиќ, чуварот на благородната утопија

„Медитеранот ги поседува сите карактеристики на мултикултурна утопија и истовремено сите одлики на глобалната егзистенцијална криза", пишува Елана Паст во есејот под сјаен наслов Lives Aquatic: Mediterranean Cinema and an Ethics of Underwater Existence („Жив воден свет: Медитеранското кино и етиката на подводното постоење"). Вака Рајко Грлиќ (Загреб, 1947) го започнува делот за медитеранскиот филм во неговиот лексикон „Нераскажани приказни" („Neispričane priče", издавач „Хена Ком", Загреб, 2018).

Самиот лексикон „Нераскажани приказни“ на Грлиќ по абецеден ред простира цел еден универзум за подвижните слики, но и за животот на нивните творци. Лексиконот е своевидна тестаментарна проза и свет за себе, толку редок пример кој ги спојува искуството, сеќавањата, едукацијата и мисијата на еден филмски автор.

Затоа не е случаен воведниот цитат во овој портрет. Грлиќ потекнува од таа медитеранска мултикултурна утопија, чиј еден сегмент беше и ексјугословенската мултикултурна утопија; се школувал на прочуената филмска школа ФАМУ во Прага, Чешка, која во наследството ја има – и ја негува – средноевропската мултикултурна утопија на некогашното Австроунгарско царство; бегајќи од военото лудило во екс-Југославија во 1990-те години, Грлиќ најде привремено засолниште во САД, сè уште важечки мулти-култи образец во светот; последниве две децении е „распнат“ меѓу америчката почва, каде што работи како професор по филмска режија, Загреб како роден град и Истра како еден вид „микро-татковина“ по негов, личен избор.

За себе секогаш истакнува мошне кратка биофилмографска цртичка. „Роден во Загреб 1947 г. Режија на игран филм магистрирал 1971 г. на ФАМУ во Прага, тогашна Чехословачка. Живее во Хрватска (Загреб и Истра) и САД (Атенс, Охајо). Од вина пие „плавац мали“ и „малвазија“. Последниве две ставки се, нормално, од јадранското крајбрежје...

Како режисер и косценарист има потпишано 11 долгометражни играни филмови: И ДА ПУКНЕ, НЕКА ПУКНЕ (Kud puklo da puklo, 1974), БРАВО МАЕСТРО (Bravo maestro, 1978), САМО ЕДНАШ СЕ ЉУБИ (Samo jednom se ljubi, 1981), ВО ЧЕЛУСТИТЕ НА ЖИВОТОТ (U raljama života / In the Jaws of Life, 1984), ЗА СРЕЌА СЕ ПОТРЕБНИ ТРОЈЦА (Za sreću je potrebno troje, 1986), ЃАВОЛСКИ РАЈ (Djavolji raj / That Summer of White Roses, 1989), ЧАРУГА (Čaruga, 1991), ЖОЗЕФИНА (Josephine, 2002), КАРАУЛА (Karaula, 2006), НЕКА ОСТАНЕ МЕЃУ НАС (Neka ostane među nama, 2010) и УСТАВ НА РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА (Ustav Republike Hrvatske,2016).

Во неговата филмографија има уште дузина долгометражни документарни филмови во кои е режисер и (ко)сценарист – меѓу нив и СЕКОЈА ДОБРА ПРИКАЗНА Е ЉУБОВНА ПРИКАЗНА (Vsaka dobra zgodba je ljubezenska zgodba / Svaka dobra priča je ljubavna priča), кој е дел од изборот за овој омаж – како и играни филмови, телевизиски серии и филмови во кои е косценарист или продуцент. Тука неодминлив наслов е култната телевизиска серија од десет едночасовни епизоди БОС В ТРЊЕ (Grlom u jagode, 1975) во режија на Срѓан Карановиќ: Грлиќ е сценарист на сите десет епизоди. Грлиќ до сега потпишал и десетина краткометражни играни и документарни наслови.

Рајко Грлиќ ќе биде лично присутен на проекциите.

Стојан Синадинов

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе