Одлични реакции во Кан за „Северен пол“, македонскиот краток филм во конкуренција за „Златна палма“

Одлични реакции и долг аплауз за „Северен пол“ на Марија Апчевска во Кан кој конкурира за „Златна палма“. „Северен пол“ вчера имаше светска премиера во Кан, информираше на Фејсбук Агенцијата за филм.

„Северен пол“ е меѓу десетте селектирани од вкупно 3.739 прегледани краткометражни филмови од страна на комитетот. Финалните 10 се во трка за освојување на престижната награда за краток филм. Победникот ќе биде објавен вечерва, на свеченото затварање на фестивалот на 17 јули. Ова е прв македонски филм воопшто што ќе се трка за престижната „Златна палма“.

Како што објави на Фејсбук Агенцијата за филм на проекциите присуствуваа сите филмски екипи на селектираните филмови, а на сцена биле претставени и режисерите, по што биле поздравени со долг аплауз.

„Салата ‘Дебиси’ беше преполна со публика, од која имаше одлични реакции за нашиот филм“, вели Агенцијата.

Во македонскиот тим за Кан се и продуцентот Роберт Насков, актерката Антонија Белазелкоска, како и многубројна екипа од Агенцијата.

Ова е огромен успех за поновата македонска кинематографија и прв краток филм кој во самостојна Македонија успеал да влезе во некоја од главните натпреварувачки категорија на фестивалот од А-категорија.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе