Од „Мирно“ до холивудско лето за македонскиот филм

Во изминативе три месеци почна снимањето на неколку македонски филмови, и тоа дебитанскиот филм на Стојан Вујичиќ „Стела" , потоа новиот долгометражен игран филм на Вардан Тозија со наслов „М", како и долгометражниот игран филм „Најтешкото нешто", кој е прв македонски филм што ќе биде сниман на турски јазик на познатиот турски режисер Сердар Акар.

Покрај наведените долгометражни играни филмови, во тек е снимањето на играната серија за деца адаптирана по истоимената книга за деца „Зоки Поки“ на писателката Оливера Николова.

Кон крајот на месецов  најавено е снимањето на дебитантскиот филм  на Кристијан Ристевски „Снежана на крајот умира“, а во тек се интензивните подготовки за првиот долгометражен игран филм на македонската млада авторка Дина Дума „Сестра“ за кој е најавено снимање во текот на септември.

„По големите успеси што македонската кинематографија ги имаше годинава навистина е големо очекувањето од сите идни проекти кои ќе се произведат, бидејќи навистина се наметна еден критериум кој мораме да се трудиме да го следиме или барем да се приближиме со цел одржување на континуирано учество на филмовите на меѓународни фестивали, освојување награди, како и успешно интернационално претставување на нашата земја.

Водејќи се по сите успеси и радости коишто македонскиот филм ѝ ги донесе за земјава изминатиот период, алоцирани се средства за во континуитет да се реализираат сите филмски проекти кои според своите оперативни планови најавуваат продукција“, велат од Агенцијата за филм.

Македонски филмови и копродукции во наредниот периодќе се прикажат и на претстојните филмски фестивали во Сараево и Венеција (документарецот „Медена земја“, краткометражниот анимиран филм „Една“ во режија на Вук Митевски и играниот филм „Отворена врата“ во режија на Флоренс Папас).

Во главната програма на фестивалот во Сараево свои проекции ќе имаат и „Господ постои нејзиното име е Петрунија“ во режија на Теона С. Митевска, малцинската копродукција „Полусестра“ на Дамјан Козоле, како и краткометражниот филм на Елеонора Венинова “The Sign”.

Во Венеција, пак на 31 август филмот „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ ќе има своја проекција во трката за наградата ЛУКС и краткометражниот игран филм „Извидник“ на Андреј Цветков како дел од програмата Giornate Degli Autori.

Ако се следат промоцијата и реакциите за документарниот филм „Медена земја“ во САД, годинава македонски филм се доближува до холивудскиот „Оскар“ и се надеваме дека ова и нема да биде единствениот конкурент, се вели во соопштението на Агенцијата за филм на Македонија.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе