КРИМИ СЕРИЈА

Новиот трејлер на серијата „Абсентија“ е претставен пред светската публика (ВИДЕО)

Новата продукција на „Сони“ вклучува светски ѕвезди како Стана Катиќ во главната улога („Castle“, „24“, „CSI: Miami“) и Ралф Инесон (Игра на престолите), кој настапува во улогата на специјалниот агент Адам Радфорд.

Приказната во серијата „Абсентија“ се врти околу ФБИ-агентката Емили Брн (Стана Катиќ), која исчезнува без трага ловејќи го бостонскиот сериски убиец и е прогласена за мртва. Шест години подоцна ја пронаоѓаат во шумска колиба, едвај жива, но без никакви сеќавања за тоа што ѝ се случило. По враќањето во својот дом дознава дека нејзиниот сопруг, кого го глуми Патрик Хејсингер, повторно се оженил и дека нивниот син го одгледала друга жена. Наскоро Емили ќе биде вовлечена во нова низа на убиства.

Во другите улоги на новата крими серија учествуваат Цара Теоболд, Нил Џексон, Ејнџел Бонани и Ричард Брејк. Сценариото на овој напнат трилер успешно балансира помеѓу лов на сериски убиец и емотивна семејна психолошка драма со многу иновативни акциони сцени. Регионалната премиера на „Абсентија“ е планирана за наесен ексклузивно на AXN Adria.

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе