Новиот филм во развој на Теона Стругар Митевска на Ателје на Канскиот фестивал

Новиот филм во развој на Теона Стругар Митевска, „Најсреќниот човек на светот", по сценариото на Елма Татарагиќ и Митевска ќе биде претставен на програмата за развој на проекти Ателjе на Канскиот филмски фестивал. Ова е прв пат Македонија да има свој проект на оваа најпрестижната програма.

Теона Стругар Миитевска

Канцеларијата за прес на Канскиот филмски фестивал соопшти дека 15 филмски проекти од целиот свет во изострена селекција се избрани за овогодишната програма. Софистицираната селекција преставува пресек на млади автори и веќе етаблирани филмски уметници во кои Кан верува.

Проектите заедно со авторите и продуцентите ќе бидат претставени пред огромен број на копродуценти, дистрибутери, продажни агенти, фестивали и филмски професионалци заинтересирани за соработка.

Ателје е апсолутно еден од најпрестижните платформи за претставување на нови сценарија на авторите. Овој успех следи по Синелинк маркетот на Сараевскиот филмски фестивал, каде со истиот проект Теона Стругар Митевска ја доби првата награда за развој на проектот од Еуримаж, во висина од 20.000 евра. Конечно, интересот на Кан се надоврзува и на огромниот интерес кој претходниот филм на Теона „Господ постои нејзиното име е Петрунија” го уживаше и во подготвителната фаза со учеството на Париз копродакшн маркетот, Венецијанскиот гап маркет и исто така победата на сараевскиот Синелинк, а и подоцнежната неверојатно успешна дистрибуција и фестивалски успеси на овој филм. 

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе