Нова претстава во велешкиот театар - „Сара“ на Момева и Теова

Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес на 6 февруари на малата сцена премиерно ќе ја изведе претставата „Сара“ од Катерина Момева во режија на Елеонора Теова. Тоа ќе биде втора премиера на Велешкиот театар за сезоната 2020 која ја реализира од сопствени средства.

„Сара е драма за невротичната потреба за љубов, хистеричната потреба за внимание, растроената потреба да се сочува илузијата на секојдневието. Драма за човечкото и животинското во нас, за нагонот кој сака самиот себе да се изрази, но и размисла за последиците од тоа“, вели  режисерката Теова.

Според авторката на текстот Момева, подобро е да не навлегуваш во мрачните страни на човек затоа што не знаеш што ќе најдеш таму.

„А што би нашол? И можеби тој мрак од кој толку се плашиме сака да биде пополнет со љубов“, ќе напише авторката на драмата.

Улогите ги толкуваат: Васил Зафирчев, Кети Борисовска, Симона Димковска, Кристина Нацева, Самоил Стојановски и Славица Манаскова. Сценограф на претставата и автор на рекламниот материјал е Филип Коруновски, а изборот на музиката е на Орхидеја Дукова.

По премиерата в четврток, првата реприза на претставата ќе биде на 13 февруари. 


Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе