По извршената инспекција

Нора Шаќири Марковиќ разрешена од директорската функција на „Театар комедија“

Нора Шаќири Марковиќ е разрешена од функција в.д. директорка на „Театар комедија“, потврдија од Министерството за култура за МКД.мк. Одлуката за нејзино разрешување ја донесе министерката за култура Ирена Стефоска по добиениот извештај од Државниот инспекторат за труд. За нова директорка е назначена актерката Магдалена Ризова Черних.

Фото: Фејсбук

„Во Извештајот е констатирано дека раководното лице презело активности спротивни на член 34, став 1, алинеа 3, од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, член 8-а став 1 алиниеа 3 од Изборниот законик и член 11 од Законот за заштита од вознемирување на работно место. Со тоа се потврдува дека раководното лице водело и ја завршило дисциплинската постапка врз вработени во време на изборен процес“, се вели во одговорот за МКД.мк од Министерството за култура.

За нов в.д. директор на НУ „Театар комедија“ е назначена актерката Магдалена Ризова Черних која и е вработена во театарот, информираат од Министерството.

Инаку, минатата недела во театарот влегла вонредна инспекциска контрола по пријава, според која, како што тогаш беше објавено во некои медиуми, Шаќири-Марковиќ вршела мобинг и психичко вознемирување врз вработените во „Театар комедија“.

За медиумите тогаш таа изјави дека таквиот навод не е точен и дека е најдобро да се прашаат самите вработени и додаде дека „Театар комедија“ токму сега, иако уште е пандемиско време, работи со полна пареа и има претстави кои се добро посетени.

П.Џ.

Легенда под Главна слика

Фото: Фејсбук

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе