„Ноќта кога ја убив месечината“ - премиера на битолскиот театар

Публиката се враќа во битолскиот театар, и пред аудиториумот во овој град, актерите премиерно ќе ја изведат театарската претстава „Ноќта кога ја убив месечината“.

Театарскиот проект инспириран и работен по „Мостот“ од Лорен ван Велтер ќе се одигра на големата театарска сцена „Благој Стефановски-Баге“, а ќе настапат Марјан Ѓорѓиевски кој воедно е режисер на претставата, Александар Копања и Валентин Светозарев, воедно и сценограф на првата театарска премиера во оваа година.

Во подготовката на „Ноќта кога ја убив месечината“ која финансиски е поддржана од Министерството за култура, учествуваа и кореографот Валентино Апостоловски, костимографот Благој Мицевски, тон-дизајн Николче Терзиевски, светло-дизајн Горан Петровски и инспициентот Димитар Михајловски.

Претставата е поставена на редовниот театарски репертоар и ќе се игра секоја вечер од 20 часот, на големата сцена „Благој Стефановски-Баге“, со примена на мерки за заштита од ковид-19. 

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе