Против културата на отфрлање

„Никој не е безбеден, со една реченица се уништуваат луѓе“: Џони Деп повика на отпор

Холивудската ѕвезда Џони Деп го крена гласот против „културата на отфрлање“, предупредувајќи дека феноменот отишол толку далеку што сечиј живот може да биде уништен ако обвинувачот е спремен да ги сврти толпите против него.

Фото: ЕПА

„Сега е толку излезено од контрола што можам да ви се заколнам дека никој не е безбеден - ниту еден од вас, ниту кој било надвор од таа врата“, им рече Деп во средата на новинарите на филмскиот фестивал Сан Себастијан во Шпанија, каде што доби награда за животно дело. „Никој не е безбеден, сѐ додека некој е спремен да каже една реченица“.

Ѕвездата на „Пиратите од Карибите“ додаде дека последиците од нападите од отфрлачката култура може да бидат огромни. „Потребна е само една реченица, и веќе немате тло, ви го извлекле тепихот“, рече Деп. „Ова не ми се случи само мене. Тоа им се случи на многу луѓе... За жал, во одреден момент, тие почнуваат да мислат дека тоа е нормално, или дека вината е во нив, а не е“.

Деп беше принуден да се повлече од франшизата на Ворнер брос „Фантастични ѕверови“ во 2020 година, откако ја загуби тужбата за клевета против издавачот на британскиот весник „Сан“, кој во статија од април 2018 година го нарече „тепач на сопруги“. Тој поднесе тужба за клевета од 50 милиони долари против поранешната сопруга Амбер Херд, велејќи дека нејзините тврдења за злоупотреба против него се лажни.

Очигледно мислејќи на својот неуспешен случај за клевета, Деп рече: „Верувам дека ако сте вооружени со вистината, тоа е сѐ што ви треба. Не е важно дали обвинението како такво добило некаква уметничка лиценца“.

Иако во 2012 година беше најплатениот актер во светот, кога имал заработка од 75 милиони долари, 58-годишниот актер минатиот месец изјави дека верува дека е бојкотиран од Холивуд. Неговиот последен филм, „Минамата“, сè уште не е пуштен во киносалите во САД, веројатно делумно и како последица на обвинувањата против него за злоупотреба.

Деп во средата рече дека луѓето мора да ѝ се спротивстават на културата на отфрлање. „Кога има неправда - без разлика дали е против тебе или некого што го сакаш или во кого веруваш - стани, не седи, затоа што им требаш“.

Што се однесува на падот на холивудската наклонетост кон него, тој рече „тоа може да се види како настан во историјата што траел колку и да трае, оваа култура на отфрлање, ова избрзано осудување базирано на она што во суштина значи загаден воздух“.

Деп исто така ја критикуваше моменталната состојба на Холивуд, велејќи дека тој „сигурно не е тоа што беше“. Тој додаде: „Колку уште поставување правила ни треба од ваквите студија? Колку уште презир ни треба нам како публика...? Мислам дека Холивуд гротескно ја потцени публиката“.

И покрај неговиот повик за отпор против отфрлачките толпи, Деп призна дека е загрижен дека неговото присуство на филмскиот фестивал Сан Себастијан „ќе ги навреди луѓето“. Тој ги пофали организаторите на Сан Себастијан за „непоколебливата поддршка“ и за тоа што не поверувале во „она што веќе предолго е некоја идеја за мене што не постои“.

„Не сум направил ништо“, продолжи Деп. „Јас само снимам филмови“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе