Основен суд Скопје 2

Нема забрана за прикажување на филмот „Ругање со Христос“

Во Основниот суд Скопје 2, по повлекувањето на барањето на државниот правобранител за забрана за емитување на играниот филм „Ругање со Христос“, судијката Сузана Дончевска не донесе никаква одлука во врска со филмот. По прикажувањето на „Ругање со Христос“ со Скопје, филмот денеска се прикажа во Штип, а најавена е проекција и во Прилеп.

Предлогот за привремена забрана беше поднесен од Министерството за култура, а Небојша Јовановиќ, директорот на фестивалот „Кине нова“ побара филмот да биде прикажуван.

„Сите кино сали во внатрешноста кои се под Министерството за култура, чии директори ги именува Министерството за култура, сѐ уште во еден глас кажуваат дека до крајот на годината немаат ниту еден, единствен слободен термин за нашиот филм. А, ме повикуваат некаде таму после Божик да отидам, да разговараме, за евентуално, следните 60 дена во март“, изјави Јани Бојаџи, режисер на филмот.

Филмот го предизвика внимание откако беше објавен трејлерот, а реакциите беа дека филмот е скандалозен и навредлив за Албанците бидејќи припадниците на ОНА ги прикажува како насилни силувачи. Со ваквата оценка се согласија и министерот за култура Адеми и директорот на Агенцијата за филм Тозија.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе