„Налеј налеј“ од серијата „Македонија“ се шири по социјалните мрежи (ВИДЕО)

Од вчера по социјалните мрежи почна да се шири спотот на песната „Налеј налеј“ снимен како дел од недоснимената серија „Македонија“. Спотот веќе има околу 100 илјади прегледи на сите платформи.

Овој сегменте дел од првата епизода на серијата во која Павел Шатев е претставен и како млад гемиџија и како возрасен пред неговата смрт прогонуван од комунистичкиот режим.

„Љубов моја, целиот живот мислам само на тебе… Те сакав жив... А те мразам мртов. Зар таа те сакаше повеќе од мене? Зар нејзината прегратка е потопла од мојата? А ти... ти истрча да те прегрне толку страсно, толку силно и...засекогаш. Те мразам како што ги сакав твоите бакнежи, твоите допири и шепот... Зошто ме остави за неа, засекогаш ? Зошто? Која е Македонија? Што е Македонија?“, прашуваат во серијата главните актери.

Првата епизода од оваа серија се однесува на гемиџиите. Во пансион во Париз, каде како млади студенти во Швајцарија, се собираат и ги договараат солунските атентати, Кирков и Шатев се вљубуваат истовремено во газдарица на пансионот каде се сместени, младата госпоѓица Мадлен. Таа го избра Кирков, кој подоцна загинува во солунските атентати, а заедно со нив ја пее „Налеј налеј”.

Пред четири години запре снимањето на овој проект на Јадран филм, а по сценарио на Александар Русјаков. Беа планирани 80 епизоди, а во тек е судски процен покренат од Агенцијата за филм на Македонија против продуцентот Јадран филм.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе