Највисоки оцени за „Светот на Биби“ на саемот на Тулуз

Со највисоки оцени беше оценета презентацијата на „Светот на Биби" на Саемот на цртани филмови што се одржа во Тулуз, Франција. По сите категории по кои проектите се оценуваат на големиот Картун форум, кој собира илјадници учесници, проектот „Светот на Биби" ги доби највисоките оцени (5).

Претставници на големи продукциски студија присуствуваа на презентацијата на која се обратија продуцентите Стојче Ѓорѓиев, Марјан Алексовски и Жарко Стојаноски, како и режисерот на „Светот на Биби“, Гоце Цветановски. Меѓу гостите беа претставници на: „BBC Children“, „Disney Channels Worldwide“, „Happy Family Entertainment“, „Kedoo“, „Monster Entertainment“, WeKids, Studio 100 Media, DreamWorks Animation Television, TV5MONDE, од Францускиот национален центар за кинематографија и анимација, Холандскиот филмски центар, Чешката телевизија и многу други.

„Многу сме среќни што имавме публика која беше одушевена од презентацијата, особено од тоа што сè е направено за кратко време во рамките на проектот. Добивме највисоки оцени и одлични коментари“, велат од тимот на „Светот на Биби“.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе