На фестивалот во Кардиф награда за најдобар странски филм за „Златна петорка“ на Тренчовски

Филмот „Златна петорка " на режисерот Горан Тренчовски ја освои наградата за најдобар странски филм на Интернационалниот филмски фестивал што се одржа во Кардиф.

По повод наградата, режисерот Тренчовски им ја честиташе на целата екипа во филмот.

„Честитки до цела екипа, со надеж дека по толку фестивали, награди и неправди, конечно ќе го започнеме нашиот нов проект, кој верувам ќе биде и подобар и поуспешен“, истакна Тренчовски.

Филмот „Златна петорка“ досега го виделе над 80.000 гледачи во Македонија и надвор, а во земјава беше најгледан и најнаградуван филм изминатата сезона (2016/2017). Прикажуван е на дваесетина меѓународни фестивали и има добиено десетина награди.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе