На фестивалот Млад отворен театар денес три претстави

Во рамки на вториот блок од фестивалот Млад отворен театар, што се одржува од 2 до 7 декември, на денешниот репертоар се три претстави во Младинскиот културен центар и Македонскиот народен театар. Со почеток во 18 часот во МКЦ ќе биде изведена претставата „Подготвено" во режија на Дејан Спасовиќ.

Тројца актери толкуваат една иста личност од различен период од нејзиниот живот, кои разговараат меѓусебно преку музика, танц и перформативен чин на подготовка на храната. Актерките иницираат и дијалог со публиката која е директен и активен чинител во самата претстава, која дополнително ќе ги истражува мембраните меѓу животот и уметноста, помеѓу изведувачот и публиката, егзибиционизмот и воајеризмот.

Во 20 часот во МКЦ во режија на Борис Василевски ќе биде изведена претставата „Вистинскиот запад". Претставата ја раскажува сликата на двете крајности, кога сакаме да бидеме дел од општеството и истовремено сакаме да се изолираме од лошо организираниот свет.

Потребата да си најдеме свое место под сонцето не згаснува, а притисокот од „што сум направил до сега?" не исчезнува.

Во МНТ, пак, со почеток во 22 часот ќе биде изведена претставата „Работи за кои не зборуваме" во режија на Нела Витошевиќ, којашто преку интимни и емотивни приказни сака да им даде глас на општествените проблеми за кои не се зборува.

На трагикомичен начин претставата го критикува балканското патријархално милје, но истовремено провоцира и разговор за промена во општеството.

Билетите за претставите се достапни и на билетарница во МКЦ или на следниот линк.

Младиот отворен театар се одржува во два блока. Првиот блок се одржа од 18 до 26 ноември и имаше меѓународна програма, а вториот блок се одржува од 2 до 7 декември прикажувајќи ја домашната независна продукција. Фестивалот е поддржан од Град Скопје и Министерството за култура.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе