КОНТРА КАДАР СКОПЈЕ

На дебатното кино ќе се дискутира за „најлошото веце во Шкотска“

Последната проекција на дебатното кино „Контра Кадар“ – Скопје за 2016 година ќе се одржи во „Кино Култура“ на 26 декември (понеделник), со почеток во 19.30 часот, со филмот „Треинспотинг“ (1996) и со отворена дискусија на тема „Најлошото веце во Шкотска“.

Култниот и неповторлив „Треинспотинг“ е еден од оние филмови што будат бројни емоции и тера да се прашаме за важноста на изборите што ги правиме во животот. Филмот ги прикажува рамно спакуваните, лесно достапни идеали на младите бунтовници. Оваа тотално некомформистичка порака беше лакомо проголтана од мејнстрим-популацијата во тогашното време. Влезот на проекцијата и дискусијата е бесплатен.

Дебатно кино „Контра кадар“ – Скопје е културна иницијатива што организира седмични филмски проекции по кои следува дискусија за прашањата што филмот ги загатнува. Филмот служи како референтна точка за дикскусиите, но заедничката рефлекција на отворените прашања е главната цел на седмичните собири, додека анализата на самиот филм е во втор план.

Филмската програма на „Контра кадар“ е жанровски, стилски и тематски хетерогена, а дебатниот формат не е фискен, иако има некакви контури кои ја гарантираат можноста за еднакво и целисходно учество во дискусијата на сите присутни. Цел на иницијативата е да одржува континуирана филмска и дебатна култура и да овозможи споделување на мислењата на што повеќе поедници по однос на привремено или постојано актуелните општествени теми.

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе

Во САД и во многу европски земји, просечните плати стагнираат, и покрај тоа што многу од економиите закрепнаа од финансиската криза од 2008 година.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе