Битола

На „Браќа Манаки“ разговори со Љупчо Константинов, филмскиот снимател Алкаине и Џим Шеридан

Некој ме пушта јас самиот да поставам музиката, друг пак самиот одредува за која сцена сака музика, изјави еден од најеминентните македонски композитори на филмска и театарска музика, Љупчо Константинов за соработката со режисерите.

Се согласувам со она што го кажале и некои големи автори на филмската музика дека најтешко за композиторот е да дојде до темата и тоа одзема најмногу време, рече Константинов, кој ја напишал музиката за филмови како „Среќна нова ’49“, „Тетовирање“, „Преку езерото“ и многу други.

Тој посочи дека работата со секој режисер е различна.

„Некој ме пушта јас самиот да поставам музиката, друг пак самиот одредува за која сцена сака музика. Иако тоа не функционира секогаш така, бидејќи музиката најавува дека нешто ќе се случи или е реминисценција на дејство или чувство“, рече Константинов.

Во чест на Љупчо Константинов, годинашниот добитник на наградата „Големата ѕвезда на македонскиот филм“ што ја доделува ДФРМ, вечер ќе биде прикажан филмот „Среќна нова’49“ во режија на Столе Попов.

Мастер клас денеска одржа и светски познатиот режисер, сценарист и продуцент, Џим Шеридан чии филмови се ремек делата „Моето лево стопало“ и „Во името на таткото“ . Шеридан на фестивалот „Браќа Манаки“ пристигна во својство на претставник на Европската филмска академија (ЕФА).

„Ја разгледував програмата и забележав дека многу голем дел од филмовите кои овде се селектирани да се прикажат се одлични“, рече Шеридан.

На програмата денеска се проекции на кратки филмови, специјална проекција на „Џезмен“, на режисерот Аљоша Симјановски, како и филмови од програмата „Перспективи на европскиот филм“, од документарната програма, а од компетицијата за „Камера 300“ денеска ќе биде прикажан филмот „Бедници“.

Од дополнителните настани, во „Магаза“ ќе се прикажат филмови на Браќата Манаки, а од програмата „Земја во фокусот“-филмот „Игла под прагот“ во режија на Иван Мариновиќ. Следува проекцијата на „Полноќни танцувачи“ на режисерот Мето Петровски, „Заеднички градини“ од програмата за краток филм и „Синоними“ во режија на Надав Лапид, во компетиција за „Златна камера 300“.

Граѓаните и општата јавност исто така се важен штит за укажувачите.

повеќе

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе