На „Браќа Манаки“ ќе се прикаже документарецот за Бигорскиот манастир

Документарниот филм „1000 години Сведок на Светлината" посветен на големиот јубилеј на Бигорскиот манастир ќе биде прикажан во Битола, во рамки на фестивалот „Браќа Манаки".

„Со посебна радост информираме дека документарниот филм '1000 години Сведок на Светлината' на КАТ продукција, во вторник ќе биде прикажан во рамки на фестивалот „Браќа Манаки", на платото пред Офицерскиот дом во Битола“, рече сестра Ефимија и порача дека проекцијата е слободна.

Таа потсетува дека филмот „1000 години Сведок на Светлината", кој е во режија на Илија Ико Каров, е снимен по повод големиот јубилеј – 1000 години од основањето на свештената Бигорска Обител, што се прослави во 2020 година.

Премиерата на филмот беше на 15 април во Македонскиот народен театар и предизвика голем интерес и доби позитивни критики.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе