Жална вест

На 67 години почина актерот Митко Апостоловски

Почина актерот Митко Апостоловски, објави Народниот театар во Битола(НТБ)  чиј што член беше тој. Имаше 67 години. „Денеска не напушти доајенот на македонското глумиште, долгогодишниот член на НТБ, актерот со единствен стас и глас Митко С. Апостоловски. Неговата исклучителна харизма со која пленеше од сцената уште долго ќе ја паметиме“, објави Битолски театар.

Апостоловски дипломирал на Отсек за драмски глумци на Вишата музичка школа во Скопје, потоа една година работел во Народниот театар во Битола и 15 години во Народниот театар во Куманово, а од 1995 пак во Битолскиот театар.

Меѓу бројните улоги в театар, ТВ и на филм се и во филмовите „Големата вода“, „Трето полувреме“, „Година на мајмунот“ „Јас сум од Титов Велес“, „До балчак“ и други.

  

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе