На 30 август светска премиера на филмот „Ругање со Христос“ на фестивалот во Монтреал

Македонскиот игран филм „Ругање со Христос", финансиран од Агенцијата за филм на Македонија и работен во соработка со продукции од Грција, Албанија и Словенија, светска премиера ќе има на Филмскиот фестивал во Монтреал кој се одржува од 23 август до 3 септември.

Филмот е селектиран во официјалната „World Selection“ и ќе биде прикажан на 30 август во 21,30 часот во Империјал салата на фестивалот. Ова на денешната прес-конференција го соопшти продуцентот и режисер Јани Бојаџи.

„Тоа за нас е успех и обврска за понатаму. Веќе имаме договорено филмот да се прикаже уште на четири фестивали во Европа. Во октомври-ноември годинава фестивалот ќе биде прикажан на фестивали во Германија, Шпанија, Франција, Велика Британија, Грција, Јапонија и Јужна Кореја“, рече Бојаџи и додаде дека планираат и македонска премиера за почетокот на октомври.

„Сфативме дека си ја изгубивме ние филмаџиите публиката обидувајќи се себе си да се претставиме некаде надвор. Ќе се обидеме овојпат да се вратиме дома и ќе направиме сė фимот да го види публиката во Македонија, во сите градови каде што има услови за филмска проекција, а тоа се 15-тина градови“,  – рече Бојаџи.

Актери во филмот се Мето Јовановски, Марина Поп Панкова, Андреј Серафимовски, Владо Јовановски...

Во овој филм четири приказни се раскажуваат одделно, секоја за себе, но сите заемно се вкрстуваат во една приказна. Се работи за Александар Филипопулос (Љупчо Тодоровски, Македонија), новинар во познат политички магазин во Париз, кој по потекло е од Грција.

Во деновите кога неговиот личен и професионален живот е на крстосница добива писмо од неговиот братучед Вани (Младен Крстевски, Македонија) од неговото родно село Герман дека татко му Лазар (Мето Јовановски, Македонија) умрел во Македонија.

Александар во Франција ја напушта неговата сопруга Магда (Јана Клејн, Франција) и од Париз се враќа во Атина, а од таму во неговото родно место, селото Герман (Агиос Германос) на северот од Грција покрај Преспанското Езеро. Оттаму тој тргнува во потрага по вистината за тоа кој всушност бил неговиот татко Лазар.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе