На 25 јануари специјална проекција на „Медена земја” во Љубљана

На 25 јануари на специјална проекција во словенечката Кинотека, првпат во Љубљана ќе се одржи проекција на „Медена земја". Филмот кој е наш двоен кандидат за „Оскар" ќе биде прикажан само еднаш и тоа како дел од фестивалот „балКам". На проекцијата ќе биде присутен и дел од тимот кој работеше на филмот. 

Веста дека документарен филм од Северна Македонија првпат во историјата на оскарите има двојна номинација не остана незабележано во словенечките медиуми, кои пишуваа за големиот успех. 

Во промоцијата на „Медена земја" се приклучи и Амбасадата на Северна Македонија во Словенија, која откупи дел од местата во Кинотеката за да бидат поканети и филмот да го видат другите амбасадори во Љубљана, но и дел од словенечкиот политички врв. 

МИА

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе