Монографијата „Манаки“ на Игор Старделов достапна и онлајн

Кинотеката на својата веб-страница продолжи да „прикачува" дел од своите изданија со што тие се достапни за пошироката јавност, кинотечната публика и сите оние кои сакаат да дознаат нешто повеќе за домашната и странската кинематографија.

По сите досегашни броеви на „Кинопис“, списанието за теорија и историја на филм, од денеска достапна за читателите е и монографијата „Манаки“ од авторот Игор Старделов, издание на Кинотека од 2003 година.

Монографијата е еден заокружен научен труд за дејноста, значењето и активноста на првите сниматели на Балканот – браќата Јанаки (1878-1954) и Милтон (1880-1964) Манаки – и донесува нови сознанија за нивната фотографска, филмска и киноприкажувачка дејност. Низ шест поглавја авторот ги разгледува не само биографските моменти и творечкиот опус на браќата Манаки, туку и критички демистифицира одредени историски факти и тврдења за нивниот живот и дело, ја анализира содржината и структурата на нивните филмови и изразните елементи, како монтажа, структура и хронотопичност на кадар, семиотика на филмска слика, кинестетски карактеристики на масовните сцени, итн. На крај, со посебен прилог, Старделов се осврнува кон предизвиците на реставраторските и конзерваторски хемиски процеси со кои се заштитени филмските ленти на Манакиевци.

Во 2014 година, монографијата „Манаки“ беше преведена и на турски јазик за заедничкото издание на Кинотеката  и ESR Film Yapim од Истанбул.

Игор Старделов (1963) е Раководител на Одделението на заштита на филмови и филмски материјали (Филмскиот архив) на Кинотеката. Објавил повеќе научни трудови од областа на историјата и теоријата на филмот во домашни и странски списанија, а меѓу другото раководел и со проектите за заштитна реставрација на филмските ленти и дигитализација на филмовите на браќата Манки, финансирани од Министерсвото за култура.

Кинотеката  филмовите на браќата Манаки, реставрирани и дигитализирани, ги издаде на ДВД во 2014 година.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе