Во рамки на филмски фестивал

„Мирно лето“ - кино под отворено небо во дворот на Кинотека

Со проекција на документарниот филм „Форте“, од програмата на фестивалот „Вечери на женски права", на режисерот Дејвид Донели, во петок со почеток во 20.30 часот започнува со работа летното кино под отворено небо „Мирно лето" – во дворот на Кинотеката. Во рамките на фестивалот ќе бидат прикажани и документарните филмови: „Денот на жената" на Долја Гавански и „Тоа е тинејџерски свет – вмрежени за секс, лаги и игри на моќ на Лин Глазиер.

Програмата на летното кино продолжува со традиционалната Недела на италијански филм со тема за емиграцијата, а ќе бидат прикажани седум филмски наслови: „Леб и чоколадо" на Франко Брусати; „Новиот свет" на Емануеле Криалезе; „Да ви се претставам? Роко Папалео"на Еторе Скола, „Добредојдовте на југ" на Лука Миниеро; „Сако и Ванцети на Џулијано Монталдо; „Убав, чесен емигрант во Австралија би се оженил со чесна сограѓанка" на Луиџи Ѕампа и Тробојката оди на гласање на Карло Верзоне.

Од Кинотека информираат дека следуваат две вечери со проекции на филмови во рамките на летното издание на Скопје филм фестивал, а на 26 мај (среда) ќе се одржи и церемонијата на доделување на годишната награда на Кинотеката „Златен објектив".

Годинешни добитници на „Златниот објектив" – награда на филмски работници кои преку својот професионален ангажман придонеле за создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија се режисерот Коле Манев и монтажерот Спасе Тасевски.

Кон крајот на мај започнува и 11. издание на Филозофскиот филмски фестивал, кој продолжува и во текот на јуни. Јуни, пак, е месец „полн како око" со филмски наслови од Неделата на јапонскиот филм, Неделата на новиот германски филм, проекции на дигитално реставрираните македонски играни филмови „Мирно лето" и „Фросина", како и редица други пријатни изненадувања, соопшти Кинотека.

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе