Реакција

Министерството за култура чека извинување од Тозија, по што ќе постапи според законските прописи

Агенцијата за филм незаконски го користи логото на Министерството за култура – Сектор за управен и инспекциски надзор и нивното соопштение не е изработено во соработка со стручните служби на Министерството за култра, и во согласност со тоа, ставовите изнесени во соопштението не се на Министерството за култура, изјави Валмир Азири, државен секретар за култура, за СДК.мк.

Азири истакнува и дека во записникот од извршениот инспекциски надзор на Секторот за управен и инспекциски надзор ги нема ставовите што ги има во соопштението на Агенцијата за филм дека „инспекцискиот надзор на Министерството за култура што постапуваше по пријавите за наводен конфликт на интереси во Агенцијата за филм, како и нејзиниот директор Горјан Тозија, констатираше дека се неосновани. Државниот управен инспекторат ќе даде предлог Антикорупциска да ја стопира истрагата“.

На прашањето што ќе преземе Министерството за култура во врска со фалсификувањето на меморандумот со логото на министерството, Азири вели „ќе постапиме согласно законските прописи и ќе покренеме соодветни постапки пред надлежните органи. Очекуваме дека Агенцијата за филм најнапред ќе се извини за ваквото соопштение“.

Државната комисија за спречување на корупцијата отвори три предмети за работата на Горјан Тозија, директорот на Агенцијата за филм. Првата истрага е за предвремената исплата на сите одобрени филмски проекти од Агенцијата. Предметот ја испитува законитоста на ургентното исплаќање на сите филмски проекти од страна на Агенцијата за филм во март на почетокот на коронакризата, за која тие од Владата минатата недела побараа Тозија да биде разрешен. За Тозија се добиени уште две пријави за кои се водат случаи, врзани со судир на интереси во Агенцијата за филм и за Конкурсот за поддржани филмски проекти, кој беше објавен во јануари годинава, а за кој резултатите беа објавени неодамна.

Членот на ДКСК Владимир Георгиев за СДК.мк вели дека сѐ уште не го добиле извештајот од инспекцискиот надзор, но тоа што се вели во соопштението не ја менува состојбата што ја утврдила Комисијата.

„Не стигнал уште никаков допис, ја видов реакцијата од култура. Во секој случај, нашата иницијатива до Владата за одговорност на в.д. директорот е за исплата на филмските проекти спроведена надвор од процедурите“, рече Георгиев.

На 23 јули ДКСК објави дека „во Филмскиот совет во Агенцијата за филм постојат ситуации на судир на интереси. Директорот на Агенцијата има надлежност да именува членови на Советот, а во исто време има надлежност да именува филмски рецезенти. Меѓу тие 5 членови на Советот, двајца имаат двојно именување, т. е два члена кои ги ги оценуваат проектите и даваат мислење на самите себе. Му кажавме на директорот дека тоа е недозволиво и дека е судир на интерес и неспоивост, чекавме долго за одговор и на 17 јули нè извести дека ги разрешил двајцата членови. Со оглед на тоа дека долго време чекавме, сепак одлучивме, за што ни дозволува Законот, да поднесеме прекршочен платен налог до директорот поради доцнење на одговорот“.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе