Реакција

Министерство за култура: Агенцијата за филм незаконски го користи нашето лого

Агенцијата за филм фалсификува документи со логото на Министерството за култура и јавноста ја доведува во заблуда бидејќи иницира дека содржината на соопштението е подготвено во соработка и согласност на Министерството за култура.

Ова е првичната реакција на Министерството за култура на вчерашното соопштение на Агенцијата за филм за наводниот инспекциски надзор и нивниот заклучок дека нема конфликт на интереси со ангажираните лица од страна на агенцијата. Соопштението беше испратено од ПР агенцијата „Навигаторс“ на меморандум со логоата и на Агенцијата за филм и на Министерството за култура и без потпис и печат.

„Министерството за култура најостро реагира на соопштението на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, дистрибуирано до медиумите на 27.7.2020 година, од страна на нивната  ПР агенција „Навигаторс“. 

Со цел објективно информирање на јавноста, потенцираме дека во наведеното соопштение Агенцијата за филм незаконски го користи логото на Министерството за култура - Сектор за управен и  инспекциски надзор. Воедно со соопштението јавноста е донесена во заблуда бидејќи иницира дека содржината на истото е подготвена и проследена во соработка и со согласност на Министерството за култура.

Министерството за култура, односно Секторот за управен и инспекциски надзор не е орган кој наложува запирање на истрага која е предмет на работата на друг надлежен орган - Државната комисија за спречување на корупцијата. Информираме дека Секторот за управен и инспекциски надзор, записникот од извршен вонреден инспекциски надзор со наод на утврдената фактичка состојба во Агенцијата за филм го достави  до Државната комисија за спречување на корупцијата на натамошно постапување согласно нивните надлежности утврдени во Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси“, се вели во реакцијата на Министерството за култура.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе