Милчо Манчевски почнува нов филм, црната комедија „Кајмак“

Милчо Манчевски повторно ќе се здружи со македонската Банана филм и британската продуцентска куќа Скала продакшнс за неговата следна режисерска авантура, црната комедија „Кајмак“, ексклузивно објави Вараети.

Напишан од Манчевски, филмот раскажува приказна за два пара што живеат едни покрај други и се вклучени во нетрадиционални љубовни врски.

„Кајмак“ е во копродукција на Мета Луиз Фолдергер Соренсен и Мете Берх од Мета филмс во Копенхаген („Сопругата“, „Граница“, „Кралска афера“) и Иван Дојков од Даре филмс во Софија. Во моментов се одвива кастингот.

„'Кајмак' е предизвикување на општо прифатената идеја за она што се смета за 'нормална' љубовна врска. Тој е за следењето на вашето срце и каде ве води тоа“, рече Манчевски, кој го напиша и сценариото. „Тој е за табуата, за одлуките што ги носиме во животот и за тоа како тие ќе ни се вратат - да нè прогонуваат и да нè инспирираат, да нè повредуваат и да нè водат на нови места“, додаде Манчевски.

Филмот е поддржан од македонската Агенција за филм, Данскиот филмски институт, Бугарскиот филмски центар и Македонската национална радио-телевизија. Во тек се разговори со други потенцијални партнери.

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе