Победи „Паразит“

„Медена земја“ не го доби ни Оскарот за меѓународен филм

Македонскиот филм „Медена земја“ не го доби Оскарот за меѓународен филм, престижната награда ја зеде „Паразит“.

Во категоријата меѓународен (странски/неанглиски) филм покрај „Медена земја“ и јужнокорејскиот „Паразит“, беа и „Корпус Кристи“ од Полска, „Клетници“ од Франција и шпанскиот „Болка и слава“.

Во Долби театарот во Лос Анџелес продолжува церемонијата на доделување Оскари за 2019 година во 24 категории, според гласањето на членовите на Американската филмска академија, кое заврши во вторникот.

„Медена земја“ влезе во историјата на македонскиот филм, но и во историјата на самите Оскари, како прв филм номиниран и за најдобар меѓународен филм и за најдобар документарец.

Познатата реченица на Хатиџе Муратова „Половина од медот за мене, половина за пчелите“ ќе остане моќна порака на почит кон природата во време кога светот се труди да се бори со климатските промени, кои се закануваат да го уништат.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе