Победи „Американска фабрика“

„Медена земја“ не го доби Оскарот за најдобар документарец

Останува да ја чекаме категоријата интернационален (странски/неанглиски) филм, каде што „Медена земја" исто така е номиниран.

Во категоријата документарец на 92-рото доделување Оскари победи „Американска фабрика“. Македонскиот еп за последната пчеларка со диви пчели во Европа не ја доби статуетката.

За најдобар документарен филм конкуренти на нашиот филм му беа британско-американската копродукција „За Сама“, сириско-данскиот „Пештерата“, бразилскиот „На работ на демократијата“ и американскиот „Американска фабрика“.

„Медена земја“ влезе во историјата на македонскиот филм, но и во историјата на самите Оскари, како прв филм номиниран и за најдобар меѓународен филм и за најдобар документарец.

Авторите на „Медена земја“, режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, снимателите Фејми Даут и Самир Љума, продуцентот и монтажер Атанас Георгиев и протагонистката во филмот – пчеларката Хатиџе Муратова, се на свеченоста на 92. доделување на најпознатата филмска награда во светот.

Останува категоријата интернационален (странски/неанглиски) филм, во кој покрај „Медена земја“ во трката за Оскар се и јужнокорејскиот „Паразит“, „Корпус Кристи“ од Полска, „Клетници“ од Франција и шпанскиот „Болка и слава“.

„Паразит“ претходно го зеде Оскарот за најдобро оригинално сценарио.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе