Од денес кинодистрибуција на филмот

„Медена земја“ ќе се прикажува во кината во осум македонски градови

Документарниот филм „Медена земја" (Honeyland) од денеска почнува со кинодистрибуција во осум градови низ земјава. Филмот кој оваа година е македонски кандидат за „Оскар" и е во трка за најдобар документарец на Европските филмски награди, покрај во Скопје ќе се прикажува и во Кратово, Штип, Крива Паланка, Струга, Битола, Куманово, Свети Николе и Охрид.

Од 19 часот ќе се прикажува во Центарот за култура во Крива Паланка, а од 20 часот во Домот на културата во Кратово и во Домот на млади во Штип. На 2 октомври е закажана проекцијата во Центарот за култура „Браќа Миладиновци" во Струга, со почеток во 19 часот, а на 3 октомври во 20 часот филмот ќе се прикажува во „3D Кино" во Битола и во МКЦ „Козјак" Куманово.

На 4 октомври во 19.30 часот документарецот ќе игра во Домот на културата во Свети Николе, а во 20 часот во Центарот за култура „Григор Прличев" во Охрид. Продукцијата соопшти дека наскоро ќе бидат објавени термини за кинопроекции и во другите градови.

Покрај редовните проекции во скопското кино „Синеплекс" во ТЦ „Сити мол", наградуваниот документарец од 21 септември е на репертоарот и на кино „Милениум".

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе