„Медена земја“ и уште два други македонски филма на меѓународниот филмски фестивал во Нанси

Во францускиот град Нанси синоќа беше отворено јубилејното 25. издание на Меѓународниот филмски фестивал (ФИФН) на кој во натпреварувачкиот дел се два филма на македонски режисери и еден во официјалната ревијалната селекција, јавува дописникот на МИА.

Во натпреварувачката официјална селекција на европски документарни филмови меѓу деветте филмови е „Медена Земја" на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, кој ќе ја има честа да биде прикажан на затворањето на фестивалот.

На првиот ден од фестивалот во меѓународната натпреварувачка селекција на кратки филмови беше прикажан филмот „Една" на Вук Митевски. Во оваа селекција се натпреваруваат вкупно 30 филмови, избрани меѓу 2800 пријавени филмови за оваа програма. Меѓу оваа импресионирачка бројка на филмови беа пријавнео вкупно осум кратки македонски филмови: „Магнолија" на Ана Опачиќ, „З(С)Трацени" на Антониот Велјановски, „Неонски срца" на Ана Јакимска, „Индекс 669"на Дејан Џолев, „Готлиеб" на Крсте Господиновским „ Лајф Афтер" на Лидија Мојсовска и Иван Бакраќ и „Ред Риббон" на Џовани Рустанто.

„Незаборавена пролет во заборавено село" на Куштрим Бектеши ќе биде прикажан во официјалната ревијлана програма „Под ѕвездите".

Публиката на ФИФН е навикната да гледа македонски филмски продукции, кои се редовно застапени на големиот екран, така изминатата година тука беше претставен филмот „До Балчак" и „Џипси Маџик" со наградата на публиката на Столе Попов, а беа прикажувани и филмовите „Пред дождот" и „Мајки" на Милчо Манчевски, „Панкот не е мртов", „Лазар"...„Исцелител" на Ѓорче Ставревски, кој ја доби наградата на публиката, „Годината на мајмунот" на Владимир Блажевски, како и Големата награда на фестивалот за „Со љубов" на Илија Цветковски во селекцијата на документарни филмови во 2018 и Големата награда на фестивалот за краткометражниот филм на Марко Ѓоковиќ „Еклер" во 2017.

Минатата година, фестивалот организира посебен фокус на филмската продукција на земјите од Балканот: Северна Македонија, Грција, Албанија, Косово, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска, а во рамките на фестивалот беше помесетена и изложбата на „Фотографското творештво на браќата Манаки во контекст на Првата светска војна" од авторот Роберт Јанкулоски.
Со овој „најмакедонски" филмски фестивал во Франција, волонтерски раководи Тони Гламчевски – новинар и дописник на МИА и на МРТ од Франција, кој ја врши функцијата претседател и главен селекционер (уметнички директор)на фестивалот од 2013 година.

На Меѓународниот филмски фестивал од Нанси (30 август до 8 септември) годинава се прикажуваат околу 170 филмови од над 60 земји, со посебен фокус на Јужна Кореја. Половината од филмовите се краткометражни во различни натпреварувачки категории, посебна селекција за млада публика, има натпреварувачка европска селекција на документарни долгометражни филмови, престижната селекција „Под Ѕвездите" – проекции на отворено, за која се дава наградата на публиката.

Годинава во забавниот неформален дел на фестивалот, каде има концерти, изложби и тркалезни маси, публиката на фестивалот во доцните вечерни часови ја забавува македонските ДЗ Чико (Игор Блажевски) од Битола.
Целта на фестивалот од Нанси е надминување на границите и предрасудите. Затоа, програмирање има за цел отворање кон светот.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе