За 2019 година

„Медена земја“ доби награда за најдобар документарец од Друштвото на њујоршки филмски критичари

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ доби награда за најдобар документарен филм во 2019 година од Друштвото на њујоршки филмски критичари.

85-та церемонија ќе се одржи на 7 јануари на годишната гала на Њујоршките филмски критичари.

Меѓу другите награди, „Ирецот“ на Мартин Скорсезе доби награда за најдобар филм и за најдобар спореден глумец за Џо Пеши.

Сепак, Скорсезе не беше прогласен за најдобар режисер. Друштвото таа чест им ја даде на Бени и Jош Сафди за „Несечени камења“.

Победата на Антонио Бандерас за најдобар актер („Болка и слава“) и на Лупита Нјонго („Нас“) за најдобра актерка им дадоа убав залет кон Оскарите, вели Вараети, давајќи го списокот на сите добитници.

Друштвото на њујоршки филмски критичари, основано од Ванда Хејл од Њујорк дејли њуз, дели награди уште од 1935 година.

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе