Со претставата „Гласови“ на Театар Чекори

Марко Џамбазоски најдобар актер на Фестивалот на фестивалите во Требиње

Марко Џамбазоски, актер во Театар „Чекори" од Скопје доби диплома за најдобар актер во рамки на „Фестивалот на фестивалите" на 65. издание на Kултурно лето во Требиње, Босна и Херцеговина. Џамбазоски ја играше улогата на чистачот Тоти во преставата „Гласови" според текст на Љубомир Морев, во режија на Маја Ѓурчевска. На фестивалот учествуваа претстави од Загреб, Црвенка, Требиње, Бугојно и Бијело Поље, како и Театар „Чекори".

По врачувањето на дипломата Џамбазоски изјави дека е многу среќен што со театарската група „Чекори" настапил на така реномиран фестивал со долга традиција, затоа што признанието е добиено од професионалци во оваа област, но и затоа што публиката многу добро реагираше на комедијата.

Тој нагласи дека е особено важно што македонскиот јазик не претставувал бариера, туку напротив, претставата била одлично разбрана и дека е тоа доказ повеќе дека уметноста е универзална.

Младиот двоец од Скопје даде сѐ од себе дуо - драмата „Гласови" што подобро да биде претставена пред публиката, покрај со глумата и добро да се разбере, а јазикот на уметноста е секогаш разбирлив, па немаше изгубени во преводот, напиша Радио Требиње на својот портал.

„Тоа што секој актер најмногу го посакува е кога публиката соработува, а токму тоа се случи во Требиње. А, кога пред публиката претставата ја играте 90 минути и таа се смее, тоа е најдобрата сатисфакција", изјави Џамбазоски за порталот Спона.

„Гласови" е комедија на апсурдот, во која глуми актерскиот двоец Марко Џамбазоски со улогата на Тоти, и Никола Димевски во улогата на Лило, исто така чистач на улици. Двајцата расправаат сѐ и сешто, токму како и во секојдневниот живот, коментира порталот Спона. Се расправаат меѓусебно па и самите со себе, без никаква потреба. Марко и Никола во Требиње ја играа комедијата на апсурдот- балкански „Чекајќи го Годо".

„Многу лесно ја разбравме како поентата, така и пораката која актерите ја испратија преку претставата. Темата на лажниот морал од една страна и безидејноста на животот од друга страна. Со беспотребните расправии ја сокриваме најголемата заблуда, стравот од непознатото, дури и кога токму тоа би можело да ни донесе промена во животот. На духовит начин е прикажано мнозинството од популацијата, кое залулкано во секојдневието, се расправа за ништо на долго и нашироко, обидувајќи се да ги прикрие своите желби, кои всушност ги критикува", пишува порталот на Радио Требиње во критиката за претставата.

Главниот реквизит во претставата е куфер, кој Тоти и Лило го наоѓаат па во текот на целата претстава дијалогот е дали да го отворат или не, и ако го отворат што ќе прават со работите што ќе ги најдат, замислувајќи што сѐ вредно има внатре и како тоа ќе им го смени живот.

„Стравот е главната карактеристика на мнозинството од луѓето. Сакаат нешто да направат во животот, а всушност се плашат. Нервозни се, лути, агресивни, ги обвинуваат другите за своите неуспеси. Тоа се ликови кои превладуваат во реалноста. Често можете да ги слушнете како велат за себе дека се чесни. А, кога ќе навлезат во ваква ситуација, како во претставата, тогаш на виделина излегува алчноста. Конечно, во претставата, поради расправијата околу куферот, не ја исчистивме улицата", вели Џамбазоски за Радио Требиње.

Режисерката Маја Ѓурчевска оцени дека претставата „Гласови" беше освежување за публиката.

„Нашиот театар одбира претстави кои се многу поразлични, кои не се често поставувани. Претставата зборува за постојаното тежнение да се расправаме, практично, за ништо битно. Можеме да загубиме часови и часови, дури и денови, во расправии во кои не нудиме конкретни одговори. Тоа многу добро можеме да го констатираме во денешнината. Сите зборуваат за некакви теории на заговор, без да се конкретизира за што всушност зборуваме. Расправии за сѐ и сешто, без никакви одговори", изјави Ѓурчевска за медиумите во Требиње.

По претставата имаше и долга дискусија во која учествуваа познати актери и режисери кои главно дадоа позитивни критики.

Пред Требиње, претставата „Гласови" беше поставена во Скопје, Кочани и Кратово.

Во разговорот за Радио Требиње Џамбазоски вели дека дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, дека од дете е опкружен со театарот, со светот на глумата. Секогаш пред камерите, во филмови, во реклами... Работи како видео монтажер, режирал неколку филмови, меѓу кои „Мизар ѕвезда на надежта", документарец за еден од највлијателните македонски бендови, како и краткометражниот игран филм „Црни и Криви", прикажан на фестивали на пет континенти. Во Театар „Чекори" е две години. Воедно е и музичар - гитарист во бендот „Визија" и истражувач на македонските природни убавини кои ги пласира преку фотографии и видеа.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе