Италија

Манчевски ја доби наградата Истерн стар на Филмскиот фестивал во Трст

На јубилејниот 30. Mеѓународен филмски фестивал во Трст, Италија (18-25 јануари) на македонскиот филмски режисер Милчо Манчевски му беше доделена наградата Истерн стар (Eastern star) за достигнувања во областа на кинематографијата. Досегашни добитници на оваа награда се италијанската актерка Моника Белучи, француската актерка Ирен Жакоб и хрватскиот актер Раде Шербеџија.

Во чест на заслужниот македонски уметник беше прикажан неговиот најнаградуван филм „Пред дождот" кој го освои „Златниот лав" на Филмскиот фестивал во Венеција, беше номиниран за Оскар и освои уште 30 меѓународни награди, а Њујорк тајмс го вброи во 1.000 најдобри филмови на сите времиња.

Манчевски ја прифати поканата да земе учество како почесен гостин на филмскиот фестивал на кој му беше само најавено дека ќе биде прикажан „Пред дождот" токму на јубилејното издание на фестивалот. Проекцијата на овој класик беше распродадена, а авторот поздравен со неколкуминутен аплауз.
Раководството на фестивалот му подготви пријатно изненадување на Манчевски поканувајќи го на сцената за време на свеченото затворање на фестивалот за да му ја врачат наградата Истерн стар без претходна најава. По тој повод режисерот изјави:
„Ме поканија да го одбележиме нивниот 30-годишен јубилеј со „Пред дождот". Мислев дека одам во Италија на разговор со публиката и на добра паста, ама организаторите ми спремиле изненадување со наградата."

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе