Макс фон Сидоу почина на 90 години

Глумецот Макс фон Сидоу, кој се појави во филмови и ТВ-серии како „Егзорцист“, „Флаш Гордон“ и „Игра на престолите“, почина на 90-годишна возраст.

Неговото семејство „со скршено срце и бескрајна тага“ објави дека актерот роден во Шведска починал во неделата.

Фон Сидоу глумеше и во „Хана и нејзините сестри“, „Малцински извештај“ и „Ѕвездени војни: Силата се буди“.

Тој сними 11 филма со Ингмар Бергман, меѓу кои и „Седмиот печат“, во кој славно играше шах со смртта.

Актерот го играше и Немилосрдниот Минг во „Флаш Гордон“ во 1980 година.

Тој продолжи да глуми доцна во животот, позајмувајќи му го гласот на лик во „Симпсонови“ во 2014 година, а во 2016 се појави и во три епизоди на „Игра на престолите“.

Фон Сидоу беше номиниран за два Оскари во текот на неговата кариера, меѓу кои и за најдобар спореден актер за неговата улога во „Екстремно гласно и неверојатно блиску“ во 2011 година.

Актерот има два сина со својата прва сопруга Кристина Инга Брита Олин. Во 1997 година се ожени со Кетрин Брелет во Прованса и пет години подоцна стана државјанин на Франција, што значи дека мораше да се откаже од шведското државјанство.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе