Со претставата „Нема да биде крај на светот“

Македонскиот народен театар доби четири награди на фестивал во БиХ

Македонскиот народен театар освои четири награди на театарскиот фестивал „Живи фест" во Босна и Херцеговина за претставата „Нема да биде крај на светот" од авторот Аднан Лугониќ, во режија на Нина Николиќ. Со едногласната одлука на жирито во состав: Владо Керошевиќ - актер, Љиљана Чекиќ - актерка и Алмир Башовиќ - драмски писател, претставата освои: специјалната награда за режија доделена на Нина Николиќ, наградата за најдобра актерка ја доби Дарја Ризова, наградата за најдобар актер оди во рацете на Саша Ханџиќ и специјалната награда за актерска игра ја освои Џана Џаниќ.

Засновајќи ја својата режија првенствено на посветената работа со актерите, Нина Николиќ потсети на степенот до кој театарот е синтеза на различни елементи, но во своите најдобри моменти тоа главно се базира на способноста да остане првенствено актерска уметност.

Дарја Ризова демонстрира големи актерски способности засновани на суптилни актерски средства, покажувајќи дека актерската уметност која води до убедлив сценски свет е многу способна да ги надмине јазичните бариери.

Играјќи ја својата улога на два јазика, босански и македонски, Саша Ханџиќ покажува голема способност за актерска трансформација на сцената, како и големо мајсторство на актерските средства, засновано на чувството за мерка.

Џенана Џаниќ со својата улога и изборот на актери успеа да постигне висок степен на сценска уверливост, нудејќи можност да се поистоветиме со светот на претставата, притоа убедувајќи нè дека стилската редукција понекогаш е доказ дека „уметноста може да биде повеќе".

„Нема да биде крај на светот" првата премиерна изведба ја имаше на 18 септември во Сараевски ратни театар - САРТР, Сараево, а скопската премиера во Македонскиот народен театар се очекува кон крајот на ноември. Претставата е во продукција на Перипетија продукција - Скопје во копродукција со Македонскиот народен театар и Сараевскиот ратни театар - САРТР.

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе