Македонскиот филм „Кога денот немаше име“ се закити со уште две престижни награди

На штотуку завршениот 23. Фестивал на Авторски филм во Белград, македонскиот филм ја доби престижната награда на филмските критичари ФИПРЕСЦИ. Минатата недела, пак, на 11. издание на Мостарскиот Филмски Фестивал, специјализиран за глума, наградата за дебитанско остварување им беше доделена на актерскиот ансамбл од филмот „Кога денот немаше име“ во режија на Теона Стругар Митевска.

Во објаснувањето од страна на тричленото жири на белградскиот фестивал, во состав Томислав Гавриќ, др. Весна Периќ и Драган Јовановиќ, стои: „Македонско - словенечко - белгиската копродукција се одликува со сигурна режија, одлична работа на камерманот и компактна драматургија, кој наспроти цикличната структура на приказната, во која се знае крајот на самиот почеток, го вовлекува гледачот до самиот крај. Пред нас видовме дистописка, прецизна дијагноза на етнички и социјално раслоено општество, кое кореспондира со нестабилната реалност на Балканот.“

„Кога денот немаше име“ на Теона Стругар Митевска наиде на одличен прием во Белград и од страна на публиката и од страна на критичарите, каде добива и одличен осврт во „Политика“, каде долгогодишната филмска критичарка Дубравка Лакиќ го најавува излегувањето на филмот во кино салите во Србија.

Филмот продолжува да патува по светот. Во ноември беше прикажан на шест фестивали низ целиот свет, последниот во овој месец е во Каиро, Египет.

Филмот ја понесе и наградата на фестивалот на европски филм „Синеуропа“ во Лече, Италија, оваа пролет. На 6 декември започнува со кино дистрибуцијата во Белгија и Србија, а во Словенија кино прикажувањето во редовниот репертоар ќе започне од месец јануари. Кино дистрибуцијата во Југоисточна Азија и Кина е најавена за следната година, известија од „Продукција Митевски“.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе