Македонскиот филм „Јавачи на коњи" доби меѓународна награда

Филмот „Јавачи на коњи" по сценарио на Никола Кузелов и во режија на Марјан Гавриловски доби награда за најдобар филм на филмскиот фестивал Јала (Yala International Film Festival) во Непал.

Се работи за независен филм – социјална драма, во кој главните улоги ги играат  Бобан Кулески, Никола Кузелов и Долорес Поповиќ.  Филмот е снимен во Скопје во 2016 година.

Одлуката на жирито била едногласна и со оценка дека филмот е „интимен портрет на изгубените генерации од постконфликтната Југославија“.

Ова е втора награда за „Јавачи на коњи“ кој претходно  доби награда за најдобар филм и на фестивал (Fam Fest International 2018) во Северна Каролина, САД.

Филмот досега има учествувано на голем број фестивали во Шпанија, Шведска, Италија, Јужна Африка, Швајцарија, Полска, Чешка, Романија и Бугарија.

Би било добро роднините да не бидат жртви и да има повеќе повици кон роднините – функционери.

повеќе

Oд човекот кој успеа со сосема нова партија да го наруши целовековниот монопол на ПАСОК и Неа демократиа на грчката политичката сцена, може да се очекува буквално сѐ.

повеќе

Останува да видиме дали овој состав на Судот, кој дефинитивно е кадровски и професионално најслаб во досегашната наша државно-правна историја по осамостојувањето, ќе смогне сили за конечно да го пресече Гордиевиот јазол околу вака шверцуваната двојазичност.

повеќе