Фрагмент филм

Македонскиот филм „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески е селектиран на филмскиот фестивал во Солун

Филмската продукција „Фрагмент филм“ извести дека филмот „Исцелител“ (снимен со работен наслов „Тајната состојка“) во режија на Ѓорче Ставрески е селектиран во натпреварувачката програма на Солунскиот интернационален филмски фестивал, во програмата „Balkan Survey“. Проекцијата во Солун ќе биде воедно и светска премиера на филмот, кој е македонско-грчка копродукција.

 

„Солунскиот интернационален филмски фестивал е еден од најзначајните во Југоисточна Европа и чест ми е што ќе ја претставуваме Македонија на еден таков престижен настан. Задоволството и одговорноста се уште поголеми во момент кога сакаме да ги подобриме разнишаните односи со соседите и доколку филмот биде макар еден мал мост меѓу двете култури, јас ќе бидам презадоволен“, изјави режисерот и продуцент на филмот Ѓорче Ставрески.

„Исцелител“ е филм за механичар од железничко депо, кој немајќи пари да купи лекови му дава на татко му колач направен од украдена марихуана за да му ги ублажи болките од рак, меѓутоа е притиснат од криминалците кои си ја бараат дрогата назад и соседите-душкала кои во него гледаат нова надеж, односно исцелител.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе