ФИЛМСКА ПРОДУКЦИЈА

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ освои награда од ТРТ на Сараево филм фестивал

Македонските автори Љубо Стефанов и Тамара Котевска го презентираа нивниот последен проект „Медена земја“ (Honeyland) на CineLink Work-in-progress, во рамки на овогодишниот Сараевски филмски фестивал и ја освоија највредната парична награда на фестивалот, наградата на Турската национална телевизија (ТРТ) во висина од 30.000 евра.

Снимањето на документарниот филм започна во 2015 година во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на швајцарската агенција за развој и соработка (SDC). Главната идеја на документарниот филм е да се прикаже припадноста на човекот кон природата преку посебноста на односот кој тој го има кон неа и нарушување на тој природен баланс преку судирот на два различни начини на искористување на природните ресурси.

Филмот се наоѓа во фаза на постпродукција и финансиски е поддржан од страна на Програмата за зачувување на природата во Македонија. Дополнително поднесена е и апликација до Агенцијата за филм на РМ за обезбедување средства за довршување на филмот.

Филмот е во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска, сниматели се Фејми Даут и Самир Љума, музиката е на „Фолтин“, а продуценти се Љубо Стефанов и Атанас Георгиев, преку „Аполо Media“ и „Trice Films“.

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе