ФИЛМСКА РЕВИЈА

„Македонски филмски класици“ од ризницата на „Вардар Филм“ се прикажува во 12 градови низ Македонија

Филмскиот центар „Вардар филм – Македонија“, покрај својата основна дејност, обезбедување техничка поддршка за филмските продукции, интензивно и посветено работи и на развојот и промовирањето на македонската филмска уметност.

Филмската ревија со наслов „Вардар филм прикажува – Македонски филмски класици“, како дел од наследството на „Вардар филм“, по прикажувањето во текот на октомври во киното „Синеплекс“ во Скопје, ќе биде прикажана и во 12 градови низ Република Македонија.

Љубителите на седмата уметност во 12 македонски градови ќе може да ги видат класиците: „Хај – Фај“ во режија на Владимир Блажевски (снимен 1987); „Три Ани“ во режија на Бранко Бауер (1959); „Среќна Нова ’49“ во режија на Столе Попов (1986); „Планината на Гневот“ во режија на Љубиша Георгиевски (1968) и „Тетовирање“ во режија на Столе Попов (1991).

„Националната установа Филмски центар ’Вардар филм – Македонија‘, како наследник на брендот ’Вардар филм‘ постои веќе две години. Познато е дека ’Вардар филм‘ како филмска продуцентска куќа постои речиси пет децении и во нејзина продукција се снимени речиси сите значајни македонски филмски дела, и анимирани и документарни и играни. Со ревијата сакаме да прикажеме барем еден мал дел од македонското филмско наследство“, објасни Димо Попов, директор на „Вардар филм – Македонија“.

Филмската ревија „Македонски филмски класици“ ќе биде прикажана според следниот распоред во градовите Делчево (10-15.11.2015), Битола (16-22.11.2015), Охрид (09-13.11.2015), Струмица (16-19.11.2015), Неготино (09-13.11.2015), Гостивар (04-10.11.2015), Кичево (02-06.11.2015), Струга (09-13.11.2015), Крива Паланка (09-13.11.2015), Прилеп (18-22.11.2015), Македонски Брод (16-20.11.2015) и Дебар (09-13.11.2015), известија од Филмскиот центар „Вардар филм – Македонија“.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе