Лани Битолскиот театар изведе 135 претстави со 27.965 посетители

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола минатата година на матичната сцена изведе 135 претстави кои ги виделе 27.965 посетители.

Во минатата година реализирани се и 39 дополнителни активности, како и гостувања во државата и странство, односно во Србија, Црна Гора и во Кина.

-Со поддршка на Министерството за култура лани премиерно беа одиграни театарските претстави „Детето сонува“, „Бакхи – Краток преглед на распадот“, „Август во округот Осејџ“, „Доктор Шусетер“, „Си беше еднаш во иднината“ и „Аудиција“. Репрезно одиграни се 14 театарски наслови, а богата понуда имавме и на „Битола Шекспир фестивал“. Статистички, најмногу беше одиграна претставата „Детето  сонува“ од Хенох Левин во режија на Итаи Дорон, и двајцата од Израел, информираат од Битолскиот театар.

Претставите на битолските актери најмногу биле посетени во ноември, кога се евидентирани 6.820 гледачи, а во декември имало 4550. Во текот на цела 2019 година претставите на НУ Народен театар-Битола ги следеле 27.965 посетители.

-Успешната 2019 година е потврдена со важни награди и признанија за Битолскиот театар, а најголемите признанија се поврзани со претставата „Бакхи – Краток преглед на распадот“ која на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп беше наградена за најдобра претстава во целина, а Игор Вук Торбица доби награда за режија, потсетуваат од оваа национална установа.

Во Битолскиот театар во тек се подготовките за нова премиера – „И коњите ги убиваат, зарем не?“ од Хорас Меккој во режија Мартин Кочовски. 

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе