Кумановскиот театар вечерва настапува во Софија

Кумановскиот театар вчера гостуваше во градот Ловеч, Бугарија со претставата „Драма изгубена во времето“, информираа денеска од НУЦК „Трајко Прокопиев“. Вечерва претставата ќе се игра и во Софија во театарот „Солза и смеа“.

„Соработката е договорена преку нашиот Културен центар во Софија, во март годинава и во моментов се реализира. Во текот на гостувањето договорено е Драматичниот театар од градот Ловеч да биде гостин со нивната најнова претстава комедија која во моментов треба да има премиера во Ловеч“, изјави директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“, Сашо Тодоровски.

Двата театри ќе реализираат и заедничка претстава со актерите од двете држави.

„Предвидено е и авторот на текстот кој ќе се работи, режисерот, сценографот и костимографот да бидат од двете држави. Очекуваме дека ќе добиеме средства и за овој проект, се со цел да направиме соработка и претстава која ќе има за цел да придонесе за побогата културна соработка помеѓу двете држави“, изјави Тодоровски.

Финансиските средства за гостувањата на Кумановскиот театар се обезбедени од Министерството за култура.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе