Широки последици од коронавирусот

Културата во стегите на пандемијата, поради ковид - позитивни актери Битопскиот театар не отпатува за Србија

Ансамблот на НУ „Народен театар“ од Битола вечер нема да настапи на „Игорови денови – Омаж за Игор Вук Торбица" во Белград, ниту утревечер во Српскиот народен театар (Српско народно позориште) во Нови Сад, а претставата „Бакхи-краток преглед на распадот" е откажана. Актуелната ковид пандемија, влошената епидемиолошка состојба во соседна Србија и изолацијата на двајца битолски актери влијаеја менаџментот на битолскиот театар да донесе одлука со која се одлага гостувањето на сцените во Белград и Нови Сад.

Oд претставата „Бакхи-краток преглед на распадот"

„Во Белград во тек е манифестацијата „Игорови денови-Омаж за Игор Вук Торбица", културен настан на кој театри од повеќе држави настапуваат со претстави чиј режисер бил Игор Вук Торбица. За жал заради влошената епидемиолошка состојба во соседна Србија и изолација на два наши актери, одлучивме да не гостуваме во Белград. Претставата закажана за вечерва во 19 часот на големата сцена на тамошниот театар е откажана, како и претставата што требаше да ја одиграме утревечер во Нови Сад“, информираа од НУ Народен театар-Битола.

Како што е познато, еден од најдобрите балкански театарски режисери Игор Вук Торбица, почина во 2020 година на 33 годишна возраст. Со битолскиот театар тој соработуваше во 2019 година кога премиерно беше изведена претставата „Бакхи – краток преглед на распадот" и со која ансамблот од овој град освои повеќе награди, меѓу кои наградата за најдобра претстава во целина и за најдобра режија, на Меѓународниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински" што во 2019 година се одржа во Прилеп.

Легенда под Главна слика

Oд претставата „Бакхи-краток преглед на распадот"

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе