Доби Оскар во 2012 година за филмот „Почетници“, а беше номиниран и за „Последната станица“ во 2010 година и „Сите пари во светот“ во 2018 година.
Во последниов филм тој го замени Кевин Спејси, чиј комплетен настап како милијардерот Џеј Пол Гети беше исечен.
Меѓу неговите многубројни други филмови беа и „Човекот што ќе биде крал“ и „Ножевите надвор“.
Пламер починал мирно во својот дом во Конектикат со својата сопруга Елејн Тејлор покрај него.
Лу Пит, неговиот долгогодишен пријател и 46 години менаџер, го памети како „извонреден човек што длабоко ја сакаше и ја почитуваше својата професија“.
„Тој беше национално богатство што длабоко уживаше во своите канадски корени“, рече тој. „Преку својата уметност и хуманост, тој ги допре сите наши срца и неговиот легендарен живот ќе трае со сите генерации што доаѓаат.“
„Тој засекогаш ќе биде со нас.“