Kраткиот игран филм „Северен пол“ на Марија Апчевска-Петровска оди на Канскиот филмски фестивал

Ова е историски успех за македонската кинематографија, оценува продуцентската куќа Кино око.

Краткиот игран филм „Северен пол“ на Марија Апчевска-Петровска во продукција на Кино око е селектиран во официјалната селекција на Канскиот филмски фестивал и ќе се натпреварува за наградата Златна палма за најдобар краток филм.

„Ова е историски успех за македонската кинематографија и за Кино око бидејќи прв пат македонски филм е селектиран на најголемиот и најпрестижниот филмски фестивал во светот. Филмот е еден од десетте избрани помеѓу 3.739 пријавени филмови. Исклучителна е честа да се биде дел од овој врвен светски филмски фестивал и да се претставува македонската кинематографија. Ова е уште еден голем успех во низата успеси на оваа генерација македонски филмаџии и преставува потврда на талентот и креативноста на авторката Марија Апчевска-Петровска“, вели продуцентот Роберт Насков.

„Премногу сум среќна за успехот на нашиот филм и бескрајно благодарна на сите кои ме поддржува во секој чекор“, вели режисерката Марија Апчевска-Петровска.

„Ова е навистина маркантен успех за македонската кинематографија, особено заради фактот што последниве неколку години ние во континуитет сме присутни на Канскиот филмски фестивал со малцински копродукции и соработки, но овојпат е навистина исклучително за нашата кинематографија што оваа година со македонски национален филм сме во официјална селекција на најпрестижниот и најгламурозниот филмски фестивал во светот. ʻСеверен полʼ на Марија Апчевска е еден од десетте селектирани филмови во официјалната селекција за краток филм, а тоа е неспорна препознатливост на македонскиот филм и македонските автори, потврда за нивниот квалитет, креативност, оригиналност и автентичност во изразувањето на големото филмско платно“, велат од од Агенцијата за филм.

Филмот е сниман на супер 16 мм филмска лента на локации во Скопје и Македонска Каменица. Главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Билјана Гргур, шминкер Горан Игњатовски, монтажер Драган Вон Петровиќ, дизајн на тон Игор Поповски и Бојан Паликуќа и кастинг директор Киријана А. Николоска. Продуцент на филмот е Роберт Насков и сценарист и режисер Марија Апчевска-Петровска.

„Северен пол“ е копродукција помеѓу Северна Македонија, Србија и Унгарија. Копродуценти на филмот се Милош Љубомировиќ од Сервиа филм, Миодраг Поповиќ од форГрејд и Петер Шекереш од Тиволи филм. Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Македонија и Филмскиот центар на Србија.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе