Краткиот хорор филм „Сонот за крвта и душата“ награден на фестивал во Венецуела

Краткометражниот игран филм “Сонот за крвта и душата” ја освои наградата за најдобар интернационален краток хорор филм на шестиот FINDECOIN – Интернационален независен филмски фестивал за краток и игран филм "The day is short" во Венецуела. 

Филмот е во продукција на Квазар Филм. Режијата е на Игор Алексов, a сценариото го напиша Александар Русјаков. 
 
Главните улоги ги толкуваат Дејан Лилиќ, Јордан Симонив, Нина Деан и Ана Стојановска. Директор на фотографија е Душан Кардалевски, сценографијата ја изработи Влатко Зафирковски, костимите се на Раде Василев, а маската е на Горан Игњатовски.
 
Филмот е во продукција на „Квазар филм“.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе