Краткиот филм „Соло Мод“ на режисерката Тамара Котевска премиерно ќе биде прикажан на фестивалот во Сараево

Најновиот краткометражен филм „Соло Мод“ на режисерката Тамара Котевска денеска ќе ја има својата светска премиера на 27. Филмски фестивал во Сараево.

Филмот е во официјална селекција на кратки филмови, a со тоа и во директна конкуренција за Европските филмски награди (Europen Film Awards).
„Соло Мод“ е независен краткометражен филм инспириран од ковид-19 и снимен во 2020 година за време на рестриктивните мерки и строгиот карантин, со актерска екипа сочинета од едно вистинско четиричлено семејство и мала филмска екипа.
Улогите ги толкуваат актерот Александар Микиќ, неговата сопруга – харфистката Весна Микиќ и нивните две дечиња Иво и Ена. Како продуценти се потпишуваат Тамара Котевска и Илија Тирицовски. Извршни продуценти се Пеце Талески, ОХО продукција за Македонија и на Хашми, The Corner Shop за САД, а ко-продуцент на филмот е Зејнеп Атакан, Zeyno Film од Турција.
„Соло Мод“ е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија.
Филмски фестивал во Сараево почна на 13 август, а ќе трае до 20 август.
Тамара Котевска е единствената режисерка од државава со две номинации од наградите на Академијата на САД (Оскари) за документарниот филм „Медена земја“ (2019) во ко-режија со Љубо Стефанов. 
 
 

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе