Краткиот филм „Налепница“ на Георги Унковски се врати со шест награди од фестивал во Италија

Кратката комедија „Налепница“ („Sticker“) на режисерот Георги Унковски освои шест награди на премиерното издание на „Апулија фестивал“ за краткометражен филм во Италија. Македонскиот адут победи во категориите за најдобар филм, за најдобра режија, за сценарио (Георги Унковски), за најдобар актер (Сашко Коцев), за монтажа (Мартин Иванов), како и наградата „Popular Jury Vote“.

Филмот на Унковски беше во конкуренција на 12 кратки филма од цел свет. Досега има учествувано на повеќе фестивали, меѓу кои и на престижниот „Санденс“ во САД. Покрај оваа награда, има освоено уште неколку на интернационалната фестивалска сцена.

Премиерата на „Налепница“ беше во 2019 година.

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе